Европската комисија нема да брза со реформата за борба против перењето пари – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/19 3:18 PM

Европската комисија нема да брза со реформата за борба против перењето пари

Европската комисија соопшти дека ќе ги разгледа реформите за перење пари откако ќе заврши темелната проценка на тоа прашање, зголемувајќи ја надежта дека извршната власт на ЕУ брзо ќе стане поригорозна во борбата против валканите пари кои течат низ континентот.

Минатата недела владите на ЕУ го поддржаа планот за зајакнување на блокот во борбата против перењето пари среде низата банкарски скандали. Изјавија дека треба да се размисли за формирање на тело во ЕУ со независна структура и директен авторитет над заемодавателите, што е во согласност со сличните повици од Европскиот парламент.

Но, извршната власт на ЕУ во скоро време не планира конкретни предлози.

„Ќе постапиме спрема потребата по темелната проценка“, изјави Валдис Домбровскис, истакнувајќи дека во оваа фаза е тешко да се претпостави исходот од оваа анализа.

Домбровскис изјави дека сака брз напредок, но планира да издаде само акционен план за борбата против перењето пари на крајот на март, покажува нацртот на долгорочната агенда на комисијата.

Тоа привлече критика од пратениците кои сакаа Европската унија да дејствува итно. „Кога станува збор за борба против перењето пари, потребни се помалку акциони планови и повеќе законодавни мерки“, изјави Маркус Фербер, германски пратеник од десницата, кој во финансиските прашања ја предводи најголемата политичка асоцијација во Европскиот парламент.

Изјави дека владите и пратениците јасно ставија до знаење дека реформите за борба против валканите пари се итни. „Би бил разочаран ако овие јасни пораки би резултирале во само уште еден акционен план“.

„Веќе имаме многу проценки на влијанието. Мораме сега да ги искористиме. Комисијата би требало да ја забрза работата“, изјави пратеникот на Зелените, Свен Гиголд.

ЕУ минатата година го усвои акциониот план за перење пари, откако се откри дека 200 милијарди евра (220 милијарди долари) сомнителни плаќања се извршени преку мала естонска гранка на Danske Bank, во најголемиот скандал во ЕУ за перење пари.

И покрај тоа криминалните организации често перат средства преку незаконски активности во странство, борбата против финансискиот криминал во ЕУ моментно ја водат националните власти кои не секогаш постигнуваат целосна соработка.

Во ноември, доверлив извештај на Европската централна банка покажа дека најголемиот заемодавател на Малта, државната банка Valletta, со години не успевала да се справи со ризикот од валканите пари.

Извор: denar.mk