Турција би можела да ги замоли САД да ги повлечат своите војници и опрема од воено-воздухопловната база „Инџирлик“, соопштија од турското Министерство за надворешни работи во Анкара, пренесе ТАСС.
До вакво сценарио може да се дојде ако Вашингтон воведе санкции против Турција поради нејзиниот договор со Русија за испораката на ракетните системи С-400.