Нови цени на дериватите од полноќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 4:43 PM

Нови цени на дериватите од полноќ

Дизел горивото ја извлече пократката сламка и неговата цена останува непроменета, за што главна заслуга имаат берзанските цени по кои се тргуваа дериватите во изминатата седмица, кои кај бензинот забележаа намалување во просек за 3,83%, а кај дизелот едвај за 0,48%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Истовремено курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период порасна за 0,24% и сега имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари, односно на 67 и 69 денари соодветно. Малопродажната цена на дизелот Д-Е V не се менува и останува на исто ниво како што беше утврдена со претходната одлука на регулаторната комисија, на 61,50 денари за литар.