Завршува уште еден циклус на прекинување на поддршката за постарите модели на телефони, таблети и Windows уреди.
Апликацијата WhatsApp официјално објави укинување на било каква поддршка за одредени уреди, која завршува на последниот ден од оваа година (31 декември 2019 година).
WhatsApp, кој неодамна го истакна и своето ново име во апликацијата, потврди дека престанува поддршката за Windows Mobile уреди.
Сепак, тоа не е сè!
WhatsApp ќе престане да работи и на iPhone и на iPad уредите,кои не се ажурирани над iOS 7 верзија на софтверот, како и на Android уредите со верзија на софтверот Android v2.3.7.
Според извештајот на компанијата WhatsApp, поддршката за кој било тип од уредите од 2003 година престанува, што се однесува за уредите на Windows Mobile, од 2010 година за уредите на Android Gingerbread, како и за 2013 година, за iOS 7 телефони и таблети.
Разликата помеѓу Windows Mobile и другите уреди споменати во овој текст е во тоа што поддршката за Android и iOS ќе биде укината на 1 февруари 2020 година. На сите овие уреди, корисниците веќе нема да можат да активираат нов налог, да ја активираат постојната сметка или да користат некои од опциите, за кои ќе биде укината поддршката, а WhatsApp ќе ги објави подоцна, по укинувањето.
Од апликацијата, на корисниците на овие уреди им се советува или да го ажурираат својот софтвер, доколку е можно, а досега не го ажурирале, или едноставно да купат нов Android, iOS или Windows Phone, т.е. Windows 10 мобилен уред, за да продолжат со користење на WhatsApp.
Извор: denar.mk