Напаѓачот кој утрово застрела повеќе луѓе во Чешка се самоуби – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 12:06 PM

Напаѓачот кој утрово застрела повеќе луѓе во Чешка се самоуби

Напаѓачот кој утринава во болница во Острава застрела повеќе, а уби најмалку шест лица, се самоубил.

Напаѓачот бил во бегство пред полицијата да го лоцира неговиот автомобил, по што тој извршил самоубиство. Според полициското соопштение, напаѓачот извршил самоубиство пукајќи си во глава.

„Го пронајдовме автомобилот, а потоа се слушна истрел. Го утврдуваме идентитетот на мажот кој се самоуби во глава пред нашата акција“, соопшти чешката полиција на Твитер.

Засега не се објавува кои биле мотивите за масакрот.