Најмалку четири лица се убиени во вооружен напад што се случи во болница во чешкиот град Острава во Чешка, потврдија од Министерство за внатрешни работи на Чешка.
Локалната полиција засега само соопшти дека четири лица загинале, а две претрпеле сериозни повреди.
Пукањето во болницата Острава се случило утринава, а засега нема информации за напаѓачот, освен тоа дека носел црвена јакна. По него се трагало.