Уморни сте, чуствувате болки во главата, грлото и телото? Звучи како почеток на настинка. Следниве четири совети ќе ви помогнат да го опремите телото со витамини за да ја извојува битката со настинката.
1. Телешка супа
Топлата пилешка супа ќе го накрени вашиот организам и ќе ви овозможи поголема сила за борење против настинката. Доколку во супата додадете и различни видови зеленчук, магдонос, лук, спанаќ и слично, вие ќе добиете витаминска „бомба” која ќе го закрепне вашиот организам.
2. Пијте цинк
На секои неколку часа, додека ги чувствувате симптомите за настинката, земајте по 1 таблета цинк. Оваа состојка успешно се бори против вируси, бактерии и настинки.
3. Пијте витамин Ц
Штом ги почувствувате првите симптоми на настинка, веднаш земете витамин Ц. Всушност овој витамин треба да го пиете секогаш, секој ден по 1 грам витамин Ц дневно. За време на настинка, можете да го засилите овој витамин, ако си направите сок од портокал, грејпфрут, киви, пиперка и кељ.
4. Наспијте се
За време на спиењето, имунолошкиот систем испушта протеини кои се борат против настинки и инфекции. Исто така, доколку вашето тело е поодморено, вие полесно ќе се изборите против вирусите и воспалението. Токму затоа обидете се секоја вечер да спиете по 8 часа.