Поради појава на магла, утрово видливоста кај Страцин е намалена од 50 до 100 метри, а на патниот правец Попова Шапка – село Гајре до 30 метри, информира АМСМ.
Магла има и низ котлините, речните долини и клисурите. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.