Хамилтон за тешкиот живот на спортските ѕвезди: Се зависи од тоа какви жртви сакате да дадете за да успеете – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/19 7:03 PM

Хамилтон за тешкиот живот на спортските ѕвезди: Се зависи од тоа какви жртви сакате да дадете за да успеете

Лондон, 9 декември 2019 (МИА) – Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон кажа зошто му е тешко да ги одржува личните односи паралелно со настапите во Формула 1.

– Верувам дека генерално, сè е исто за нас како и за другите спортисти. Малите разлики се во тоа што мора да патуваме многу, поминуваме огромно време надвор од куќата. Веројатно во вакви услови станува уште потешко да се одржат односите ако тие не се идеални уште од самиот почеток.

Секако, секој има свој случај, но кога комуницираме и читаме за други спортисти од други спортови, вие разбирате дека сите ние сме многу слични. Иако има такви што се справуваат, многу спортисти живеат различен, обичен живот паралелно со спортот.

Ми се чини многу тешко, ако имате цел – сакате да бидете колку што е можно поконкурентни, мора да бидете сто проценти посветени на каузата. Вие не сакате да бидете помалку подготвен од вашиот противник. Се зависи од тоа какви жртви сакате да ги направите за да дојдете до успех, рече Хамилтон.

Британецот оваа година ја освои шестата титула светски шампион во Формула 1.