Денес се затресе тлото на Италија – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/19 10:01 AM

Денес се затресе тлото на Италија

Утрово силен земјотрес со јачина од 4.8 степени според рихтер ја погоди централна Италија. Земјотресот се случил на 29км од Фиренца во 3 часот и 37 минути.

По овој земјотрес следуваа и низа послаби на истата локација.

Утрово пред околу час и половина силен земјотрес ја погоди и Албанија. Земјотресот е во Централна Албанија и со јачина од 3.9 степени според Рихтер. Детално епицентарот на земјотресот бил во близина на предходните но сепак на северо-исток од Драч во 5 часот и 29 минути.