Деркоски: Гласачите од Пустец се уште се на избирачкиот список – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/19 3:07 PM

Деркоски: Гласачите од Пустец се уште се на избирачкиот список

Жителите на Пустец веројатно се уште се во избирачкиот список, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, во неделното интервју на  Радио Слободна Европа.

Тој објаснува дека секој кој добил пасош и лична карта се наоѓа на избирачкиот список, а ќе се отстрани од него кога на лицето ќе му се одземат документите постапка за одземање на правото на поседување на личен документ. Меѓутоа, вели Дерковски, тоа не зависи од ДИК.

„Можно е да се сè уште, односно веројатно е дека се сè уште, сè додека ја имаат личната карта и пасош“, одговара Дерковски на прашањето „Дали тоа значи дека жителите на Пустец кои имаат македонска лична карта сè уште се на избирачкиот список?“.

Целото интервју погледнете го тука.