Лицемерието на СДСМ нема крај. Денеска ќе ви презентираме еклатантен случај како се фатени живи во креирање лажни вести и чистото лицемерие и политиканство на СДСМ. Извештајот на СДСМ покажува дека се должни 2.5 милиони денари од последните претседателски избори. СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека должи за изборна кампања, и тоа сака да го прикаже за голем финансиски скандал, а самиот извештај на СДСМ по претседателските избори покажува дека има долг од точно 2.476.000 денари, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:
„Значи партијата направила долг и влегла во минусно салдо отворајќи нов финансиски скандал. Па затоа ќе поставам две прашања: Дали токму овој незаконски долг од 2.5 милиони денари е причината што СДСМ го проблематизира изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија? Второ, се плаши ли СДСМ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот?“
-Ова беа прашањата со кои што оној Михаузен Костадинов од СДСМ постојано ја тероризираше јавноста, но со таа разлика што се прашања поставени кон ВМРО-ДПМНЕ. Сега кога уште еднаш се констатира дека ја манипулирале јавноста, дека креираат лажни теми и самите должат практично се гледа дека нивното лицемерие дека нема крај. Која е вистината. И како СДСМ манипулира со тема која што не е кривично дело. Овој сегмент го покриваат членовите 71 и 85 од Изборниот законик, потенцираше Стоилковски и подвлече:
„Членот 71 се однесува на прибирање на средства, трошење, трансакциската сметка и никаде во овој член не се предвидува ситуација како ќе се постапува во случај доколку се потроши повеќе од предвиденото. Членот 85 од Изборниот законик го регулира начинот и телото кое ќе прави ревизија. Согласно ова се поднесува извештај до ДИК, државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија. Согласно нормите доколку се забележи некакви отстапување се поведува прекршочна постапка или се информира обвинителството.“
-Навистина залудно фабриката за лажни вести се обидува да прикаже дека нешто дека е криминално кога е законски. Сега кога се дознава дека и СДСМ должи, односно потрошиле повеќе од што добиле народни пари, СДСМ ќе молчи. Преку измислени тези го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за незаконско дејствие, а не постои член кој кривично казнува долг кој патем ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што е со замрзнат имот, има ограничени ресурси и не се занимава со рекет како СДСМ, започна процес на враќање. СДСМ нема ден да не излаже, и нема информација со која што не манипулира. Очекуваме извинување од СДСМ и од харикири портпаролот Костадинов за изнесените лаги во јавноста, рече Стоилковски.