Ареа после една година повторно има нова песна поткрепена со видео запис, насловена како „Те спомнувам“.
Песната е целосно авторско дело на членовите на групата – текст, музика, аранжман, снимање и продукција.
Во него покрај членовите на Ареа, се појавиваат и Елена, ќерка на Ивица и Ружица Брчиоски, во улога на придружен вокал и млади артисти.
– Им благодариме од срце на Ана, Маги, Леила, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан кои направија овој спот да биде исполнет со ведрина и радост. На крајот на краиштата животот е радост и така треба и да биде – дополнува Брчиовски.
Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот Пинк Флојд, под режисерската палка на Кристијан Шемко.
Погледнете го видеото: