За победниците во симулирано судење на студентите од четирите државни Правни факултети од Штип, Тетово, Скопје и Битола, одлучуваше и поранешната специјална јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Обвинителката, како дел од комисијата што ги оценуваше судентите, внимателно ги следеше излагањата на нејзините идни колеги, кои имаа улоги на адвокати, обвинители и судии на симулирано судење што се одржа денеска на штипскиот Правен факултет.
Фетаи го привлече вниманието на присутните со своето присуство, но сепак, пред новинарите не сакаше да зборува. Целото внимание го сврте кон студентите, кои се натпреваруваа во тоа кој ќе понуди најдобри аргументи на симулираното судење.
Овој традиционален натпревар е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, а покрај Фетаи, во комисијата беше и судијата Лазар Нанев.
Првото место го освоија домаќините – студентите од Правниот факултет на Унивезитетот „Гоце Делчев“ од Штип.