Жерновски: Добра вест од Шпанија – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/19 3:10 PM

Жерновски: Добра вест од Шпанија

Добра вести од Шпанија, напиша денеска на својот Фејсбук профил, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој истакна дека се одржа конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.

-Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии. За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест. По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница, напиша Жерновски на ФБ статусот