При рутинска контрола откриени 19 мигранти во товарно возило на патот Штип-Велес – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/19 12:44 PM

При рутинска контрола откриени 19 мигранти во товарно возило на патот Штип-Велес

Мигранти сместени во товарно возило биле откриени утрово од Полицијата  на патот Штип-Велес.Возачот според информациите до Полицијата избегал, но за кратко време бил фатен.

,,Утрово околу  06.40 часот на Магистралниот пат Штип – Велес кај населбата Три Чешми, штипски полициски службеници издале наредба за запирање на Товарно моторно возило „Нисан“ управувано од возачот В.Г. од Струмица.Возачот не ја почитувал наредбата и продолжил со движење на патот кон Скопје, но полициските службеници успеале да го запрат возилото. Возачот се дал во бегство, но за кратко време бил фатен и лишен од слобода“, информира портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова.

При преглед во возилото биле пронајдени 19 лица мигранти од Авганистан и  Пакистан. Возачот и мигрантите се приведени во Полициската станица Штип за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.