На попладневната прес конференција во Лондон, на вториот ден од Самитот на НАТО, Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, беше прашан да одговори како тоа Северна Македонија е добра за НАТО, но не и Европската унија. Столтенберг се огради од политиките на ЕУ.
-Северна Македонија и премиерот Зоран Заев имаа топло добредојде на денешната средба. Очекувам Северна Македонија да стане 30-та земја членка.Ова покажува дека вратата на НАТО е отворена. Ние силно веруваме дека членството во НАТО ќе биде добро за Северна Македонија, но и за регионот. Тоа покажува дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати. Не е моја работа да го коментирам проширувањето на ЕУ. Јас сум одговорен за НАТО и според тоа нема да влегувам во дискусии за ЕУ, беше одговорот на генералниот секретар на НАТО.