Казна затвор од три години за примање награда доби Зоран Милевски – Кичеец, трерообвинетиот во случајот „Рекет“, кој вчера на почетокот на судењето го призна делото.
Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомбичената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.
МИА