Вкупно 12 потенцијални кандидати за претседател на Република Хрватска ги предале кандидатури во Државната изборна комисија, која има рок од 48 часа да ги разглед и да го објави официјалниот список на кандидати за претседател. Кога ДИК ќе го објави тој список и официјално ќе почне изборната кампања, која треба ќе заврши на полноќ на 20 декември, а изборите се на 22 декември.
Кандидатури поднеле актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот премиер од Социјалдемократската партија Зоран Милановиќ, пејачот Мирослав Шкоро, европратеникот Мислав Колакушиќ, економистот Дејан Ковач, лидерот на партијата Десно, Анто Џапиќ и т.н.
Од кандидатурата се откажа независниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ, кој собра нешто повеќе од 8.000 потписи од потребните 10.000.