Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар-Стража-Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/19 8:14 AM

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар-Стража-Кичево

 Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно, од ноќеска на полноќ е укината, информираат од АМСМ.

Поради интензивни врнежи од снег вчера во 18:20 часот од превентивни причини се воведе забрана за камиони на патниот крак Маврово – Дебар и Гостивар-Стража-Кичево.