Facebook им овозможи на своите корисници префрлање на сите фотографии од нивните профили во Google Photos.
Овој потег е дел од “Data Transfer Project”, настанат во соработка помеѓу „Apple“, „Google“, „Microsoft“, „Twitter“ и „Facebook“ за да се олесни преносот на податоци помеѓу нивните екосистеми.
Алатката за трансфер на фотографии со отворен извор во моментов е достапна само за корисниците во Ирска и ќе стане достапна во остатокот од светот на почетокот на 2020 година, објавенo e од Facebook.
Услугата ќе биде овозможена и за други сервиси, меѓу кои и iCloud и OneDrive.
Како оваа соработка на интернет гигатите ќе влијае на безбедноста на личните податоци, останува да се види …
Извор: denar.mk