Србија: Се обидела да ги отруе откако претходно од нив се задолжила 30.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/19 10:13 AM

Србија: Се обидела да ги отруе откако претходно од нив се задолжила 30.000 евра

Душанка Т. (69) од белградската населба Железник уапсена е во саботата поради сомнеж дека во текот на ноември, со лекови, во два наврата пробала да отруе двајца старци од кои предходно позајмила 30.000 евра. Таа им подготвувала ручек во кој ставала голема количина „бромазепам“, а потоа ги терала да го изедат.

Според сознанијата, Душанка која и на двајцата им ги одржувала становите, се сомничи дека на 1. ноември пробала да го убие Драгиша Јовановиќ (85), а на 25. ноември  и Чедомир Благојевиќ (89).