Кинеските власти објавија дека на американските воени бродови и летала нема да им бидат дозволени посети на Хонг Конг, а истовремено Кина наметна и санкции за неколку американски невладини организации кои ги обвинуваат за охрабрување на продемократските демонстранти во, како што се наведува, насилсното, екстремистичко и криминално делување, пренесува „Ројтерс“.
Кина овие мерки ги објави како одговор на минатонеделните одредби на САД со кои Вашингтон ги поддржа антивладините протести во Хонг Конг.
„Ги повикуваме САД да ги исправат своите грешки и да престанат да ни’ се мешаат во внатрешните работи. Кина ќе преземе дополнителни мерки ако биде потребно за да зајакне стабилноста и благосостојбата во Хонг Конг, како и кинескиот суверенитет“, наведува кинеското Министерство за надворешни работи.