По несреќната изјава за земјотресот и оставката на Сако, избран привремен градоначалник на Драч – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/19 9:31 AM

По несреќната изјава за земјотресот и оставката на Сако, избран привремен градоначалник на Драч

По вчерашната осатвка на Валбона Сако, за привремен градоначалник на Драч Општинскиот совет го назначи Жиљан Варфај,кој во изминатите 12 години беше заменик-градоначалник. Тој на функцијата ќе остане до спроведување предвремени избори за градоначалник на Драч.

Сако поднесе оставка по изјавата за „Топ ченел“, во која рече дека „ова беше еден катастрофален земјотрес, но задоволни сме и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на загинати бил поголем и од 1.000“.

Поднесувајќи ја оставката, таа рекла дека е длабоко повредена од негативните реакции на изјавата што ја дала, па мм се заблагодари на сите за довербата што и’ ја дале и побарала разбирање,поради изјавата која, како што рекла, е последица премореност и стрес, пренесуваат албански медиуми.