Почна со работа новиот состав на Европската комисија – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/19 9:02 PM

Почна со работа новиот состав на Европската комисија

Новата Европска комисија, со која претседава Урсула фон дер Лаејн, денеска го започна својот мандатот.

По најдолгите преговори за составот на Комисијата, конечно се случи инаугурацијата на првата претседателка. Таа и 26-те комесари беа поддржани од трите најголеми партии во Европскиот парламент – Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и ја обновуваат Европа.

Мандатот на новата Европска комисија ќе трае до 31 октомври 2024 година. Составотна новата Европска комисија беше одобрен од страна на ЕП и Советот на Заедницата во текот на неделата.

Во Европскиот парламент, фон дер Лајн изрази благодарност за довербата во сите 24 јазици во ЕУ. Таа прво се заблагодари на бугарски јазик.

„Треба да им покажеме на нашите партнери во ООН дека можат да сметаат на нас како борци за мултилатерализам“, рече Фон дер Лејен пред европратениците.

„Можеме да формираме подобар глобален поредок . Ова е повик на Европа и она што го сакаат европските граѓани … Ние ќе инвестираме во сојузи и коалиции за промовирање на нашите вредности“,увери таа.

„Ова е нестабилен свет во кој премногу сили зборуваат само на јазик на конфронтација и унилатерализам, но тој е и свет во кој милиони луѓе излегуваат на улиците за да протестираат против корупцијата и да бараат демократска промена“, истакна претседателот на ЕК.

Фон дер Лајен ги идентификуваше климатските промени како приоритет на новата Комисија. Според нејзините зборови, тие се егзистенцијален предизвик.

Висок претставник на Европската унија за надворешна политика е Јозеп Борел, кој исто така е еден од потпретседателите на Европската комисија.Бугарската комесарка Марија Габриел ќе биде одговорна за „Иновации, истражувања, култура, образование и млади “.

Другите членови на Комисијата се: Тиери Бретон (Франција), Хелен Дали (Малта), Валдис Домбровскис (Латвија), Алис Фереира (Португалија), Паоло Гемтилиони (Италија), Јоханес Хан (Австрија), Фил Хоган (Ирска), Илва Јохана (Шведска), Вера Јурова (Чешка), Стела Кириакидис (Кипар), Инес Ленарчиќ (Словенија), Дидиер Ридерс (Белгија), Маргаритис Шинас (Грција), Николас Шмит (Луксембург), Марош Шефовиќ (Словачка) Естонија), Виргиниус Синкевичиус (Литванија), Дубравка Шуика (Хрватска), Франс Тимерманс (Холандија), Јута Упраилен (Финска), Адина Валеан (Романија), Оливер Вархили (Унгарија), Магрет Вестагер (Данска), Јануш Војчичовски (Полска).