Трагите од пукањето што се случи после полноќ во хотелот „Александар Палас“ водат кон Арачиново, објави Алсат-М.
Според извори на телевизијата, во атарот на село Арачиново пронајдено е опожарено возило „фолсваген туарег“ во кое имало две автоматски пушки.
Утрово во 8,30 часот било пријавено дека на паркингот пред „Александар Палас“, било оштетено возило „фиат“.
Додека во ресторанот седеле петмина маи, од страна на исто толку бројна група вооружена со автоматски пушки и пиштоли, со фантомки на главата, излегувајќи од возило отвориле оган кон хотелот, а тројца од нив влегле и во хотелот извикувајќи „полиција, полиција“ пукајќи, по што побегнале.
Полицаец испукал 11 проектили кон напаѓачите.
Полицијата во својот дневен билтен издаде соопштение за синоќешната престрелка во скопскиот хотел.