По автомобилска потера полицијата во Чикаго на „црниот петок“ уапси три жени што украле стока во вредност од 2.500 долари.
Додека патролирале во еден од трговските центри, полицајците во бел „шевролет импали“ забележале три жени за кои имале информации дека извршиле кражби во областа на Чикаго.
Полицајците се обиделе да ги запрат, но овие почнале да бегаат. За време на потерата, тие се судриле со полицискиот и со уште два автомобили, а на крај паднале во ров.
Но тоа не било крај на потерата, бидејќи жените излегле од автомобилот и почнале да трчаат. Полицајците успеале да ги фатат, а 18-годишната шоферка успеале да ја приведат дури откако употребиле електрошокер.
Белиот „шевролет импала“ со кој бегале исто така бил украден. Кога го пребарувале автомобилот, полицајците пронашле украдени скапи парфеми, чизми и облека во вредност од 2.500 долари.
На црниот петок, ден по Денот на благодарноста, Американците масовно одат на шопинг затоа што тогаш има најголеми попусти.
https://www.facebook.com/LakeCoILSheriff/posts/2687170824675663
мкд.мк