На аукција за 117.000 евра продадени чизмите на Наполеон Бонапарта – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/19 6:59 PM

На аукција за 117.000 евра продадени чизмите на Наполеон Бонапарта

Чизмите за кои се верува дека му припаѓале на францускиот император Наполеон Бонапарта продадени се на аукција во Париз за повеќе од 117.000 евра, објавила аукциската куќа “Друо“.

Француските историчари наведуваат дека Наполеон ги носел овие чизми додека бил во егзил на островот Света Елена, каде што и починал 1821 година.