Со децении САД имаше најголема и најмоќна дипломатска мрежа во светот. Сега ја има Кина, која може да се пофали со 276 дипломатски мисии во светот – амбасади, конзулати и постојани мисии во меѓународните организации. Сега САД се втори со 273 дипломатски мисии, пишува американскиот весник „Форин аферс“.
Оваа промена би можела да претставува пресврт во натпреварот меѓу големите сили, наведува весникот.