Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево. соопшти дека поднесе кривична пријава против Л.А.Д.(52) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
-Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016, пријавената, како поранешен директор на училиште во Македонска Каменица, постапила спротивно на Законот за јавни набавки и во повеќе наврати, без одлука и спроведена постапка за јавна набавка, извршила набавка на стоки и услуги, а во одредени случаи вршела делење на истородни набавки на помал износ, со цел да ја избегне постапката предвидена со Законот за јавни набавки. Притоа, во четири случаи набавила компјутерска опрема, училишни и канцелариски материјали, книги и весници, со што овозможила одредени правни лица од кои се набавувале предметите да се стекнат со материјална корист од 639.297 денари, стои во пријавата од полицијата.