Новата социјална зграда во Кочани ги прими своите станари – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/19 8:52 AM

Новата социјална зграда во Кочани ги прими своите станари

Четириесет и три семејства од социјално ранливите категории ги добија клучевите од новите станови во социјалната зграда во кочанската населба Драчевик. Објектот, чиј инвеститор беше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбенпростор и со деловен простор од значење за Републиката, е вреден 54 милиони денари, располага со 1.620 квадратни метри и има два типа станови од 35 и 45 квадратни метри.

На чинот на доделувањетона клучевите од становите присуствуваа помошник-директорот на Секторот за градба и уредување на градежно земјиште Марин Хаџиевски, помошник-директорот на Секторот за стопанисување со станбен и деловен простор, Петар Шапе и градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

–Свесни сме дека има уште граѓани во Кочани кои живеат во социјален ризик и сите оние кои сега не добија стан не треба да се грижат затоа што е почната постапка за изградба на уште една социјална зграда. Таа ќе располага со 34 станови и очекуваме градежните работи да почнат идната година, посочи помошник-директорот Петар Шапе.

Градоначалникот Илијев им честита на станарите и изрази подготвеност локалната самоуправа да помогне со свое учество во изградба на новата социјална зграда, со обезбедување на потребната инфраструктура.Илијев ја нагласи претстојната  соработка со Акционерското друштво за изградба на комерцијална зграда во централното градско подрачје, на местото на сегашниот Воен отсек.

Распределбата на социјалните станови беше направена по претходно објавен оглас, согласно Програмата за лица со социјален ризик, а ја изврши комисија од министерствата за труд и социјална политика и за транспорт и врски.