Му ја зеле стоката а не му платиле, го измамиле за 10.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/19 4:35 PM

Му ја зеле стоката а не му платиле, го измамиле за 10.000 евра

Во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека во с. Ранчанци, светиниколско, 17 годишен малолетник со уште едно лице со намера да се стекнат со противправна имотна корист  го довеле во заблуда В.Ј.(65) од с. Ранченци со лажно прикажување на факти дека за 29 грла говеда ќе му платат 16.500 евра на денот на купопродажба, од кои 5.000 евра во готово, а 11.500 евра преку сметка од фирма.

,,На 26.11.2019 Ф.Ќ. со уште три лица во два наврати со ТМВ Ивеко со скопски регистарски ознаки, товариле и однеле 14 грла говеда и си заминале, при што не ја уплатиле сумата за одземената стока, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 10.000 евра,“информираат од СВР Штип.

Од тука велат дека  се работи на расчистување на случајот.