САД ќе даваат помалку пари за НАТО – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/19 12:18 PM

САД ќе даваат помалку пари за НАТО

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира значително да ги намали средствата што САД ги издвојува за НАТО, јавува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименувани извори од Алијансата и од Пентагон.

Досега Амерканците учествуваа со околу 22 отсто во вклупниот буџет за НАТО, додека сега се планира тој процент да падне на 16 отсто. Заради споредба, Германија издвојува 14,8 проценти од буџетот за НАТО.

Според неименуваните извори САД, ќе ги пренасочат средствата за финансирање на низа безбедносни програми во Европа, меѓу кои и за Украина и за Грузија.

„Си-Ен-Ен“ наведува дека другите земји-членки на Алијансата биле подготвени да го компензираат дефицитот што би настанал по намалувањето на средствата од САД.