Телата на млади маж, жена и дете пронајдоа спасувачките екипи изутрината во Туман. Детето било во рацето на мажот, кој трнал кон вратата во обид да ја напуштат просторијата.Меѓу загинатите има многу млади. Најмладата жртва има две години, најстариот 85 години.
Уште една ноќ под отворено поминаа жителите на Драч и околните места. Денот започна со нова битка за лоцирање на преживеаните од страна на спасувачките екипи во Албанија, по силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени што ја погоди земјата во вторникот, а следеа и неколку последователни силни земјотреси.
Според најновиот извештај, 40-мина се мртви, додека 20 се заробени под урнатините, а 650 се повредени, од кои десет се во сериозна состојба.
Илјадници граѓани останаа втора вечер вчера на плоштади, стадиони и шатори поставени од армијата. Во зградите не може да се влезе поради големото разурнување, а и многумина не ризикуваат да се вратат.
Премиерот Еди Рама најави дека бездомниците ќе бидат сместени во хотели на владата и вети дека брзо ќе градат нови домови. „Ние ќе ги ставиме во нови домови до 2020 година, тоа ќе бидат подобри домови од сегашните“, рече Рама за албанската телевизија.
Два нови потреси се случија само неколку минути по полноќ, со силина од 4,5 и 4,4 степени Рихтер, на 27 километри северно од Драч.Спасувачките екипи од 11 држави, работат на шест локации во Драч и Туман.
Уште тројца мртви беа подигнати во раните утрински часови од страна на грчките екипи.