Бонусите во СЈО почнале од 70.000 завршиле на 150.000 денари – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 9:05 PM

Бонусите во СЈО почнале од 70.000 завршиле на 150.000 денари

Според неофицијални информации на Дојќе Веле од извори кои имале увид во тие одлуки, надоместокот за доверливот за обвинителите во почетокот изнесувал 70.000 денари. По извесен период (не ни се достапни податоци точно од кога) тој надоместок пораснал на 90.000 денари, а во 2019 година наводно стигнал до 150.000. Ако платите на обвинителите во СЈО биле 1.300 евра, втората и третата сума на надоместокот практично ја надминувале висината на нивните плати.

Од СЈО тврдат дека тие не биле повисоки од истиот тип надоместоци кои ги примале специјалните обвинители во соседни земји. Но, сумите од 80.000 до 100.000 евра кои тие ги добиле по оваа основа за период од четири години (или 21.500 евра годишно) веќе ги вивна реакциите во јавноста. Не само заради обвинителските, туку и поради надоместоците што ги добивале и надворешни соработници, а не се знае за каков ангажман. Она што за обвинителите било законски дозволено, а според сумите и идентично со она што го добивале нивните колеги од соседството, граѓаните го доживуваат поинаку – како „безобразно високи суми“, „претерано“, „несвојствено за земја во која има огромна разлика во платите, па и евидентен јаз меѓу обвинителските примања со платите во законодавната и извршната власт”. Од СЈО пак предлагаат да се направи пресметка – дали годишните примања на обвинителите по основа на доверливост се поголеми од годишните патни трошоци на пратениците.

 

Дојче Веле