Рамниот стомак е сон на секоја жена, но некогаш и покрај диетите и вежбањата, до ваков стомак тешко се доаѓа. Проверете ги трите скриени причини поради кои не можете да имате рамен стомак.
Несоница
Добриот сон е многу важен за нормалната работа на организмот. Доколку имате несоница и спиете малку, во телото се намалува лачењето на хормонот лептин, а се засилува лачењето на хормонот грелин кој е одговорен за зголемениот аптетит.
Лекови
Некои лекови можат да предизвикаат дебелење и наталожување на масти. Тоа се најчесто лекови кои се користат за лечење на дијабетес, мигрена, висок крвен притисок, депресија, но и стероиди и апчиња за контрацепција.
Генетика
На некои жени килограмите право им се „лепат“ на задникот и колковите, додека на други – токму околу струкот. Причина за тоа е и генетиката. Градбата на телото ја наследуваме од родителите и блиските роднини, а со тоа и склоноста кон дебелеење.
Извор: makmoda.com