Јаболковиот оцет е прифатен во диетите како помошно средство за побрзо губење на килограмите. Но дали е тоа само „празно“ верување, со оглед на тоа дека за ваквото тврдење не постојат цврсти научни докази. Точно е дека јаболковиот оцет дава привремено чувство на ситост, дека го забрзува до некаде организмот и помага за добра дигестија, но од друга страна прави и штети.
Јаболковиот оцет не е најдобро средство за „убивање“ на апетитот
Кога јаболковиот оцет ќе го испиеме на празен желудник, киселината може лесно да го изиритира желудникот и така да создаде чувство на ситост. Само за кратко време. Но, ако сакате да се чувствувате сити подолг период, подобар избор ќе биде за појадок да јадете протеини. Таков појадок здраво ќе ве засити и ќе ве нахрани со здрава „содржина“ отколку чаша вода со јаболков оцет. Дури и кога е во прашање слабеењето, подобар избор се јајца и чаша јогурт.
Јаболковиот оцет не е правилен начин за детоксикација
Ако мислите дека со јаболков оцет ќе направите чистење на црниот дроб, бубрезите и цревата, до некаде ќе успеете, ама на нездрав начин и тоа само на цревата. Целосно прочистување на организмот најдобро се прави со зелени намирници (зеленчук).
Јаболковиот оцет може да биде пробиотик
Јаболковиот оцет е дериват од ферментиран јаболков сок, па како и другите ферментирани намирници може да содржи бактерии кои обезбедуваат уредна дигестија. Но, треба да се земе предвид дека својства на пробиотици има само непастеризираниот јаболков оцет кој содржи ензими и спомнатите пробиотици. Со пастеризацијата исчезнуваат пробиотичните својства на оцетот.
Пиењето многу јаболков оцет може да биде опасно
Ако одлучивте да ослабнете со помош на јаболков оцет, немојте да конзумирате повеќе од две лажици дневно. Поголема од оваа доза секако ќе го изиритира желудникот, но и ќе ја оштети усната шуплина. Затоа се препорачува јаболковиот оцет да го конзумирате со храна.
Покорисен е кога се јаде отколку кога се пие
Најдобар начин да го конзумирате е како зачин во салата. На тој начин ќе имате најмногу полза од него. Инаку, за тезата дека јаболковиот оцет помага во слабеењето, не постојат цврсти научни докази. Најпосле запомнете дека не постојат брзи решенија кога станува збор за губење на вишокот килограми.
Извор: makmoda.com