Во хемиска фабрика во Порт Нечес во Тексас, САД, изби голема експлозија, а засега нема пријави за повредени лица.
Најголема штета имаат околните згради, а оштетени се објекти во пречник од дури 64 километри.
Експлозијата се почувствувала и во соседната држава Луизијана.
Локалното население мислело дека се работи за бомба.
Локалната пожарникарска служба објави дека моментално се врши евакуација на секој кој се наоѓа на километар од местото на несреќата.
BREAKING: Explosion rocks Jefferson County
An explosion and fire is reported at a Jefferson County plant. pic.twitter.com/WXSlrwmaDZ
— KFDM News (@kfdmnews) November 27, 2019