Сите капацитети на кумановската билница се ставени во функција, по излетувањето на комбе кај Куманово, во кое се превезувале 25 мигранти. Засега не е позната природата на повредите на мигранти, а од полицијата добивме само кратка потврда со неколку детали, со образложение дека за подоцна ќе инфрормираат повеќе за незгодата.
-Околу 06,40 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, кај м.в „Градиште“, од коловозот излетало ТМВ„Фолваген“ во кое се превезувале околу 25 мигранти. Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница – Куманово, каде се утврдува карактерот на повредите. Возачот е во бегство, соопштија од кумановската полиција.