Управата за јавни приходи денеска во хотел „Хилтон” свечено ќе го одбележи настанот „25 години Управа за јавни приходи и Св.Матеј – Ден на даночните работници” со 100 даночни обврзници – најголеми плаќачи во Република Северна Македонија.
На настанот најавено е обраќање на министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на УЈП Сања Лукаревска, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска и претседателот на Стопанска Комора на Северозападна Македонија – Неби Хоџа.
МИА