Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе одржи седница на која тема ќе биде најавениот нов пристап кон проширувањето на Европската унија – идеи и предизвици.
На седницата се очекува пред пратениците и другите членови на Советот да зборува францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Членови на Националниот совет за евроинтеграции освен пратеници се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставници од кабинетот на претседателот на државата и на премиерот, на МАНУ, ЗЕЛС и од Здружението на новинарите.
МИА