СВР- Битола информира дека во текот на вчерашниот ден за време на лов во Мариово бил повреден четириесет и шестгодишниот М.Б. од пелагониското село Добрушево.
Несреќниот случај најнапред бил пријавен во Клиничка болница – Битола, а потоа и во СВР – Битола.
-Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола беше пријавено дека во Клиничка болница – Битола е пренесено повредено лице. Од страна на увидна екипа при СВР Битола извршен е увид при што е утврдено дека станува збор за М. Б (46) од с. Добрушево кој, според пријавеното, околу 10:00 часот бил на лов со синот Х.Б., како и со П.В. и С.М., при што тој бил погоден од огнено оружје во атарот на селото Градешница – Мариово. Кај М.Б биле констатирани телесни повреди и укажана му е лекарска помош, информираа од СВР-Битола и најавија проверка на причините за несреќниот настан.
МИА