Баба „бодибилдер“ претепала разбојник кој и провалил дома – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 2:17 PM

Баба „бодибилдер“ претепала разбојник кој и провалил дома

Провалник од САД завршил во болница по обидот да провали во куќата на баба во државата Њујорк.
Испаднало дека наишол на наградуваната бодибилдерка Вили Марфи (82) која во тој момент се подготвувала за спиење. Тој почнал да и тропа на  вратата и барал од неа да повика брза помош. Откако Вили не наседнала на нековите игри, ја скршил вратата по што се покајал.
„Беше темно, јас сум стара и сама, но сум и јака. Избрал погрешна куќа“, рекла пензионерката за американски медиуми.
Бабата почнала да го тепа со се’ што и дошло при рака, а почнала од столот за седење.
„Го дофатив столот и почнав да го удирам. Столот се скрши!“, раскажала бабата.

Тоа сепак не ја обесхрабрило па почнала да го удира разбојникот со металните ногарки од столот. Успеала и да стигне до тоалетот и да земе шампон за да му го истури во очите. Потоа, ја дофатила метлата за да го среди до крај.

Кога полицијата пристигнала го нашле разбојникот легнат на земјата и го одвеле.