Време: Денеска облачно со повремен дожд – до 14 степени, во следните денови и малку потопло – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 7:05 AM

Време: Денеска облачно со повремен дожд – до 14 степени, во следните денови и малку потопло

Претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2), е временската прогноза на УХМР за денеска. Максималната температура од 14 степени треба да биде измерана во Гевгелија. Во Штип – 13, Скопје – 12, Охрид и Битола – 11…

Утре и в среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со максимална температура утре до 16, а в среда до 17 степени. В четврток и в петок, пак, треба да има променливо облачно време на места со повремени врнежи од дожд и со максимална температура до 18 степени.