Проектот Иловица-Штука е проект од национално значење и е најголем проект за странски директни инвестиции во државава. Проектот ќе донесе инвестиции и илјадници работни места, а од нашите даноци ќе вложува со подобрување на локално образование и здравствена заштита, како и за национални социјални програми. Како најголема странска директна инвестиција ќе имаме позитивно влијание врз националната економија, соопштија од компанијата „Еуромакс ресурси“, концесионер на рудникот за бакар Иловица – Штука.
Направивме повеќегодишни истражувања на влијанијата врз животната средина, дизајнирање на проектот, спроведување проценки на влијанието и работење со локалната заедница за да го подобриме дизајнот. „Еуромакс“ е посветен на заштита на животната средина и одржливоста на проектот. Ниту еден научник или инженер не смета дека има безбедносни проблеми со рудникот. Рудникот ќе ги користи најновите технологии од Америка и Европа и ќе финансираме независно тестирање за да се обезбеди дека се придржуваме на нашите ветувања, стои во соопштението од компанијата во врска со денешниот граѓански протест против отворањето на рудникот Иловица.
Oд компанијата посочуваат дека разбираат дека локалните земјоделци се горди на своите производи и тоа нема да се промени, нема да има влијание врз земјоделството. Проектот, наведуваат, нема да ја намали водата за наводнување, нема да загадува, тоа нема да ги намали приносите на земјоделски култури и нема да влијае на органското земјоделство.
Рударските проекти ширум светот живеат во согласност со локалните заедници и со локалното земјоделство. Такви примери има тука во Македонија и на други места на Балканот. Имаме неколку активности во Скопје околу дозволите и во моментов бараме решение за ситуацијата преку судовите. „Еуромакс“ останува сигурен во својата правна позиција, стои во соопштението од компанијата.
МИА