Притвор за дадилката која тепаше двегодишно дете – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/19 6:42 PM

Притвор за дадилката која тепаше двегодишно дете

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска доцна попладне, пред судија не претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше спроведена Ж.П. поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање  на дете
од чл. 201 ст.1 од КЗ.

По разгледување и ценење на предлогот и наводите на обвинетата, судија на претходна постапка увиде дека во однос на видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое се товари осомничената, висината на предвидената казна, податокот дека се работи за кривично дело против бракот и семејството како и личните прилики на обвинетата, постои оправданост дека осомничената може да се даде во бегство.

Потоа постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решение со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена согласно одредбите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.