Видеото со тепањето на детето од страна на негователката – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/19 1:22 PM

Видеото со тепањето на детето од страна на негователката

Во полиција заврши младата негователка, која крвнички претепа мало дете, доверено на чување. Видеото со претепувањето на детето снимено во игротека во скопската населба Аеродром, кое беше објавено во јавноста, не е целосно. Сопствениците на објектот, како е сместена игротеката, соопштија дека има уште еден цензуриран дел, кој не беше пуштен во јавноста, каде се гледаат вознемирувачки делови од матретирање на малото дете од страна на негователката.

Жената била платена да ги чува децата. Полицијата ја пронајде и ја приведе. Делото понатаму е предадено на Јавното обвинителство.

Јавноста е со коментари со осуда за постапките на младата жена, која очигледно не очекувала дека малтретирањето на детето ќе биде забележано од камери.

Повеќе во видеото подолу: