Селекцијата на Белгија лесно се пласираше на Европското првенство (ЕП) 2020. „Црвените ѓаволи“ победија во сите десет натпревари и со максимални 30 бода се пласираа на ЕП.
Еден од главните играчи на Белгија, Кевин Де Брујне меѓутоа не е премногу среќен поради начинот што веќе се знаат противниците за ЕП.
Поради сите перипетија кои УЕФА ги направи веќе се знае дека Белгија за ривали ќе ги има Данска и Русија.
Де Брујен смета дека е срамот што однапред веќе се знае доста.
„Мене ова ми изгледа како лажно првенство. Фудбалот се повеќе станува бизнис. Срамота е што веќе однапред се знаат противниците“, порача играчот на Манчестер Сити.
УЕФА навистина направи озбилни компликации во квалификациите и очигледно е дека на многумина промените не и добро легнаа. Ждрепката за ЕП на распоредот е на 30. ноември.
Извор: sportclub.mk