Жозе Мурињо и официјално е новиот менаџер на фудбалерите на Тотенхем, потврдија утрово од лондонскиот клуб. Договорот помеѓу двете страни е потпишан до крајот на сезоната 2022/2023.
Португалскиот тренер го наследи Маурисио Покетино кој вчера по пет и пол години го напушти клубот од северен Лондон.
„Возбуден сум што му се приклучив на клуб со толку голема традиција и со толку верни навивачи. Ме возбудува квалитетот на тимот и академијата. Ме привлече тоа што ќе можам да работам со тие играчи“, изјавил Мурињо.
Тој речиси една година беше без работа. Лани на 18 декември тој доби отказ во Манчестер Јунајтед. Тотенхем ќе му биде третиот клуб во Англија. Во два мандати го предводел Челси. Со „сините“ има освоено три титули во Премиер лигата (2005, 2006, 2015).
Тотенхем лошо играат оваа сезона, во првенството со само 14 поени се наоѓаат на 12 место на табелата.
Извор: denar.mk