НАТО проширува операции и во вселената – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 3:40 PM

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори во седиштето на алијансата во Брисел.

„Вселената е клучна за одбраната на алијансата и за одвраќањето, за рано предупредување и за навигација, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел, пред овој потег да биде потврден од 29 земји членки“, пренесе „Индекс“.

Околу половина од 2.000 сателити во орбитата на Земјата им припаѓаат на членките на алијансата, потсети Столтенберг, напоменувајќи дека „НАТО нема намера да постави оружје во вселената“.

Извор: denar.mk